Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТелефонски разговор: Путин со сочувство до Ердоган, наскоро средба

Телефонски разговор: Путин со сочувство до Ердоган, наскоро средба

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, во текот на телефонски разговор се договорија за лична средба. Тоа го соопштија од прес-службата на турскиот лидер. Путин изразил пред Ердоган сочувство во врска со терористичкиот акт на истанбулскиот аеродром “Ататурк”.

Двајцата лидери изразиле подготвеност да ги заживеат односите и да се борат заедно против тероризмот.  Исто така се согласиле за време на разговорот да се состанат лично,  истакнувајќи дека треба да се преземат „сите неопходни чекори“ кон обновување на односите.

Ова е првиот разговор меѓу Путин и Ердоган откако во ноември, Турција собори руски воен авион од типот Су-24 во реонот на границата со Сирија. Притоа едниот пилот беше убиен при падот по катапултирањето, а вториот беше спасен од сириската армија.

Во понеделникот, турскиот лидер испрати писмо до Москва, во кое се извини за соборување на рускиот авион. Едроган изрази сочувство во врска со загинувањето на пилотот Олег Пешков и изјави дека турските власти не сакале да ги расипат односите со Русија.