Талентираниот белгиец во Волфсбург!
Досегашниот фудбалер на Остенде Нани Ландри Димата, денеска потпиша петгодишен договор со Волфсбург.
Спортскиот директор на Волфсбург Олаф Ребе рече дека Нани е млад и флексибилен напаѓач и германскиот клуб внимателно го следел неговиот напредок.
Германскиот магазин Кикер пренесува дека Волфсбург за младиот белгиец платил 10 милиони евра!
Димата за Остенде минатата сезона постигна 11 гола во 24 натпревари. Тој одигра и два натпревари за националниот тим на Белгија до 21 години.