Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТахири: Косово набрзо ќе добие телефонски префикс 383

Тахири: Косово набрзо ќе добие телефонски префикс 383

Владата во Приштина најави дека во Брисел ќе ги преземе сите чекори со цел Косово да добие сопствен телефонски повикувачки број, а министерката Едита Тахири очекува тој број да биде 383, објави весникот „Епока“.

Според косовската Влада, тоа би било напредок во тој процес по последната рунда разговори, што се одржаа на 2 и на 3 август. Тахири пред заминувањето за Брисел истакна дека е оптимист и дека состанокот ќе доведе до договор со кој „многу брзо ќе биде воведен телефонскиот префикс 383 за Косово“.