Владата позајми 25,3 милиони евра од домашните кредитори
Владата од домашните кредитори позајми 25,3 милиони евра иако првично, со проектите на министерството за финансии планот беше да се земе заем од 17,1 милион евра. Парите се обезбедија преку продажба на државни записи и обврзници со рок на доспевање од десет и петнаесет години.