Момче две години пуштало коса за перика на пациентите со рак
Кога Томас Мур на „Фејсбук“ гледал видео-снимка со едно девојче кое ја изгубило косата при лечење од рак, му дошла одлична идеја. Осумгодишното момче одлучило да пушта долга коса за да ја донира на децата кои ја изгубиле при хемотерапија. И тоа цели две години!