Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСвежа и ветровита сабота – Временска прогноза за денес

Свежа и ветровита сабота – Временска прогноза за денес

Денешниот ден ќе биде ветровит и претежно облачен ден со умерен и на моменти засилен јужен ветер во западната половина од земјава, а долж повардарието и во источниот регион, ветерот ќе биде од југоисточен правец. Приквечер се можни слаби врнежи од дожд во северозападниот крај. Дневните температури ќе варираат помешу 15°С и 18°С.

Скопскиот регион го очекува променливо време со умерена облачност претпладне и претежно облачно време попладне. Максималната температура ќе се искачи до 16°С.