Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСвети Кирил ќе се чествува во Рим, подготвена македонската делегација

Свети Кирил ќе се чествува во Рим, подготвена македонската делегација

Државно-црковна делегација од Република Македонија денеска ќе се поклони на гробот на свети Кирил во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

Делегацијата ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Попоски, а со молебенот на гробот на светителот ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и митрополитот европски Пимен.

Поради службени обврски денеска во Москва, претседателот Ѓорге Иванов во Рим ќе престојува во петок и ќе ја предводи државно-црковната делегација на аудиенцијата кај папата Франциск.

Иванов задутре во Апостолската палата ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пиетро Паролин.

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.

 Извор: cooltura.mk