Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонска делегација на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Македонска делегација на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Македонска делегација во која е вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, учествува на 71-то Генерално собрание на ОН во Њујорк.

Како што соопштуваат од МНР, во Њујорк, министерот Попоски ќе се обрати на бројни состаноци на министерско ниво, организирани како во рамките, така и на маргините на 71-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

За време на настанот, Попоски ќе оствари и бројни билатерални средби.