Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот ги отфрлил прислушуваните разговори како доказ во „Триста“

Судот ги отфрлил прислушуваните разговори како доказ во „Триста“

Советот за оцена на обвинителен акт на Кривичниот суд донел одлука прислушуваните разговори за случајот „Триста“ да бидат издвоени и да не се користат како докази во понатамошната постапка, објави „НОВА ТВ“.

Во издвојувањето на доказите, судот се повикал на тоа дека овие разговори биле незаконски прибавени и дека уште пред повеќе од една година судот одлучи сите овие разговори да не бидат земени во предвид во доказната постапка.

Одлуката за издвојување на доказите ни ја потврдија и од Специјалното јавно обвинителство и најавуваат ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд. Рокот за поднесување жалба е три дена.

Советот се уште не донел одлука дали обвинителниот акт ќе биде прифатен или отфрлен, се уште не е донесена одлука. Членови во овој совет се судиите Верка Бетковска, Горан Бошевски и Татјана Михајловска.

Инаку, во април оваа година, Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ кој СЈО го презема од обвинителството за организиран криминал и корупција, прислушувани разговори беа прифатени во постапката.

Специјалното обвинителство имаше став дека снимките што ги направил еден од обвинетите врз останатите обвинети како вршат кривично дело претставуваат доказ во оваа постапка. Тоа Апелациониот суд Скопје го преточи во својата пресуда, повикувајќи се на јавниот интерес и на принципот на сразмерност. Ова беше првпат суд да прифати незаконито стекнати докази во предмет на СЈО.