Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСудир на неонацисти и афроамериканци во Јужна Каролина

Судир на неонацисти и афроамериканци во Јужна Каролина

Расните тензии во Јужна Каролина во САД продолжуваат и се почести се судирите. Овој пат дојде до тепачка со неонацисти кои го вееаја нацистичкото и конфередативното знаме, симбол на бунтот на југот од граѓанската војна, но истовремено и симбол на ропството и опресијата на црното население.

conf flaf=g

Во нередите повредени се неколку лица, а полицијата приведе петмина за учество во толпа. На неонацистите и супермацистите им се спротиставија членовите на „Црните едукатори за правда“. Полицијата по инцидентот брзо реагираше и ги одвои двете групи за да не дојде до поголемо насилство.

Пред една недела знамето по 50 години конечно беше симнато од Сенатот на Јужна Каролина за задоволство на борците за еднакви права и достоинство на афроамериканците. Тоа од друга страна предизвика голем револт кај конзервативното бело население на југот кое има големо нетрпение кон федералната влада во Вашингтон и се уште врши дискриминација и сегрегација на афроамериканците.