Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Стоунси“ повикани да одржат концерт прекинат пред 50 години!

„Стоунси“ повикани да одржат концерт прекинат пред 50 години!

Издавачот на локалниот магазин во Лин, во американската држава Масачусетс, го повика легендарниот британски рок бенд „Ролингстоунс“ да се врати во тој град, каде пред точно 50 години го прекинала својот концерт поради невреме, а тоа предизвикало голема лутина помеѓу обожавателите на нејзината музика. Тед Грант, издавач на магазинот „Daily Item“ испрати отворено писмо до „Ролингстоунс“ со кое ги повикува повторно да настапат во Лин, 50 години откако бендот ги налути обожавателите преќинувајќи го концертот поради невреме.

Грант во писмото пишува дека во овој град многу работи се промениле од далечната 1966 година кога славните „Стоунси“ последен пат настапиле таму. Во писмото пишува дека градот доживеал некој вид на ренесанса и дека има многу промени, како и тоа дека тој не присуствувал таа вечер на тој концерт бидејќи неговата мајка не му дозволила да излезе од дома таа вечер.

„Ролингстоунс“ го прекинале концертот на стадионот „Manning Bowl“ и ја напуштиле бината поради невреме, а полицијата била принудена да искористи солзавец за да ги избрка лутите обожаватели кои ја пробиле оградата. Грант сега им понудил на легендарните музичари да ги пречека на аеродромот и им понудил сместување во својот дом. Останува да видиме дали легендарните музичари ќе се одлучат повторно да настапат таму после половина век.