Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСтолтенберг жали за цивилните жртви од бомбардирањето на Србија

Столтенберг жали за цивилните жртви од бомбардирањето на Србија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во рамки на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Северната Алијанса, истакна дека многу жали за цивилните жртви од бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг посочи дека целта на тоа бомбардирање било да се заштитат цивилите. Изрази сочувство до тие кои ги загубија блиските и членовите на своите семејствата.

Во однос на можноста Црна Гора да стане членка на НАТО, генералниот секретар на Алијансата рече дека ситуацијата е непроменета за проширувањето. Според Столтенберг, за тоа дали ќе се покани Црна Гора да се приклучи на Алијансата ќе се одлучи до крајот на годината.

Политичка партија на ниво на Европа, со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент и Самитот на ЕП е можност за запознавање на политичките лидери со актуелните случувања, напорите кои се вложуваат на полето на интеграциските процеси и поддршка во остварување на стратешките цели.

извор:МИА