Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСтивен Колбер се врати со урнебесно интервју на Еминем

Стивен Колбер се врати со урнебесно интервју на Еминем

Стивен Колбер е наследникот на легендарниот водител Дејвид Летерман, но додека да го превземе неговото The Late Show има доволно слободно време, вклучувајќи и гостување на мала локална ТВ станица во Мичиген, каде успеа да го донесе и славниот рапер Еминем.

Можноста да се врати од паузата по напуштањето на шоуто на Comedy Central Стивен Колбер ја искористи на шоуто Only in Monroe што е одлично смислен маркетинг трик, но сигурно гледачите на оваа програма биле крајно изненадени гледајќи го „заменскиот“ водител со еден од најдобрите рапери. Колбер покажа дека е во форма и наскоро гледачите повторно ќе имаат голема забава со неговиот хумор.