Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЏони Деп повторно го „залапа“ Кимел, овој пат пред Пинк

Џони Деп повторно го „залапа“ Кимел, овој пат пред Пинк

Џони Деп ја продолжува традицијата на бакнување на водителот Џими Кимел, првиот пат тоа го стори откако Врховниот суд на САД ги легализираше геј браковите, вториот пат при гостување за промоција на филмот „Црна маса“, а сега и по трет пат сосема неочекувано. Деп се прикраде додека гостуваше пејачката Пинк и го „залапа“ Џими Кимел кој инаку му е добар пријател и чест гостин во вечерното шоу.