Стив Џобс ми ги украде идеите за iPhone, тврди американски дизајнер
Сите заслуги за iPod, iPhone и iPad ги има Стив Џобс, но сега се појави Американец, кој тврди дека најголемата заслуга што овие технолошки уреди и Apple стана највредна компанија на светот, ја има тој. Томас Рос тврди дека уште од 1992 година ја имал идејата за „електронски уред за читање“, кој претставува основа за iPhone, iPod и iPad, а како аргумент за тоа ги објавува цртежите од уредите што сакал да ги патентира.
Со оглед на тоа што Томас Рос не платил пари за регистрација на патентот, неговиот патент е одбиен неколку години подоцна. Како потврда за кражбата од страна на Applе се зборовите на Стив Џобс од 1996 година, кој рече дека „не се срами да краде добри идеи“. Во разговор со медиумите човекот вели дека е свесен дека ќе се бори против најдобрите адвокати низ судовите, но уверен е дека има добри шанси да победи.
Дури и да е ова вистина, тој не ги патентирал своите идеи и така ја губи секоја шанса за докажување дека овие модели се негови. Тој бара оштета од 10.000 долари од компанијата.
Извор: telefoni.mk