Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСтефановиќ: Харадинај нека дојде во Ниш, но ќе го гледа од затвор

Стефановиќ: Харадинај нека дојде во Ниш, но ќе го гледа од затвор

Српските власти веднаш му одговорија на поранешниот лидер на УЧК, Рамуш Харадинај откако тој се закани дека ќе земе дел од територијата на Србија заедно со Ниш доколку властите во Србија не го исклучат Косово од својот Устав.

Официјален Белград одговара на оваа провокација на Харадинај.

„Тој може да го види Ниш, но од затвор.Тоа е единственото што може да види, поради издржување на долгогодишна казна за злосторства над српскиот народ“- одговори потпретседателот на Владата, Небојша Стефановиќ.

И претходно за слични изјави властите во Србија му одговорија дека ако дојде во Ниш ќе заврши во затвор.