Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХарадинај распали: Ќе ја земе пола Србија до Ниш

Харадинај распали: Ќе ја земе пола Србија до Ниш

Рамуш Харадинај кој неодамна беше пуштен од притвор во Франција ги запали критиките кон Србија за нивниот третман на косовското прашање и порача дека ако сака може да им ја земе и територијата до Ниш со што привлече големо внимание во предизборната кампања за предвремените избори.

Харадинај во интервјуто на телевизија Рокум, изјавил дека „треба да им се каже на ЕУ, а посебно на САД, дека Албанците не се народ со кој што некој може да си поигрува или да го исмејува“.

„На оваа тема Европа не прави ништо. Му благодарам на Берлин, од каде што пристигна јасен став во врска со мојот случај, но кога е во прашање Брисел, ова не е фер. Треба да реагира и Америка и да им покаже на Србите каде им е местото“- рече тој.

Харадинај вели дека Србија треба да го избрише Косово од преамбулата на српскиот Устав.

„Ако Америка и Европа не ја завршат оваа работа, тогаш не ни останува ништо освен да воведеме реципроцитет. Додека тие го држат Косово во својот Устав, тогаш редот е на нас да припоиме една третина од нивната кон нашата територија“-рече Харадинај.

Српските власти одговорија дека тој може слободно да дојде во Ниш, но дека ќе заврши во затвор. Но, изминативе години српските медиуми пишуваа дека се повеќе Албанци од Косово купуваат имоти во околината на Ниш.

Албанските политичари од регионот се актуелни со низа провокативни изјави.