Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСтартува изградбата на гасоводот на делницата Штип – Неготино

Стартува изградбата на гасоводот на делницата Штип – Неготино

Денеска ќе биде означен почетокот на изградбата на магистралниот гасовод на делницата Штип – Неготино. Како што информираат од Акционерско друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, изградбата на делницата Штип – Неготино е втор дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија што претстува една од највредните инјекции во инфраструктурата, како и многу исплатлива инвестиција за економијата.