Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтамов на отстрел, кој е следен?!

Стамов на отстрел, кој е следен?!

По  излегувањето пред јавноста со конференција за печат, на која неколку поранешни пратеници, градоначалници ( но и еден актуелен: Жика Стојановски, на општина Илинден), побараа одговорност, односно оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски за лошиот изборен резултат на последните парламентарни избори, т.е пораз за кој го обвинуваат само него, се чини партиските ботови, стационирани во белата палата, главниот партиски штаб „Христо Татарчев“, имаа за задача да го  бербатат ликот и делото на поранешниот градоначалник на Општина Дојран Борче Стамов.

Тој заедно со Ивица Конески, поранешниот градоначалникт на Аеродром, Петре Латиновски на Бутел, но и екс пратеничката Весна Дамчевска-Илиевска, и други  истакнати поранешни и актуелни партиски функционери, побараа свикување  на  вонреден конгрес  на кој Мицкоски ќе ја преиспита својата доверба пред делегатите.

Стамов  беше споделуван од партиски  ботови, во одредени групи на социјалните мрежи,  обвинуван  дека е предавник и дека одработува за Сашо Мијалков. Целата оваа иницијатива беше дочекана „на нож“, именувајќи ја како „ДООЕЛ МЕРИОТ“, со што се прави алузија дека позади  иницијативата стои  директно некогаш најмоќниот човек во партијата и во државата, екс директорот на ДБК и прв братучед на пребаганиот во Будимпешта, поранешен премиер  Никола Груевски.

Поранешниот градоначалник на Дојран, е обвинет дека „ ова го прави, бидејќи добил од  државата стипендија за постдипломски студии во Естонија“, на што тој негираше, потврдувајќи дека студира во оваа балтичка земја, но дека тоа „ не му е покриено од Министерството за надворешни работи“, каде што  во моментов  е вработен.

Очигледно претстојат големи внатрепартиски разврски и поместувања во најголемата опозициска партија кај нас, а вмровците ги очекува жешка политичка  есен, како битка за престолот во белата палата.