Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтабилно време за старт на работната недела

Стабилно време за старт на работната недела

По пријатниот викенд со доста сонце денес седмицата ќе ја започнеме со мало заоблачување, но пред се со стабилно време со просечна температура на територија на цела република од 14 степени, додека во потоплите региони температурите ќе се движат и до 19 степени. Во текот на утрото температурите ќе бидат нешто пониски со просечни 9 степени, а ќе има и послаб ветар. Скопјани може да очекуваат пријатно време со максималните дневни температури до 16 степени.