Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСтабилна временска прогноза за заокружување на уште една недела

Стабилна временска прогноза за заокружување на уште една недела

Денешниот неделен ден ќе започне со локална ниска облачност низ котлините и сончево време на повисоките места. Претпледне оваа ниска облачност ќе се расчисти, за попладне да очекуваме претежно ведро време. Максималната температура ќе има вредности помеѓу 12 и 15 степени низ котлините во западниот и северниот крај, а во поширокото гевгелиско подрачје околу 17 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува ниска облачност и слаба магла во утринските часови, а попладне проследено со сонце. Наутро минималната температура ќе се спушти и до -2, а максималната дневна ќе биде со вредност до 13 степени Целзиусови.