Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаССНМ: Понижени и уценети новинари не можат слободно да информираат

ССНМ: Понижени и уценети новинари не можат слободно да информираат

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги презентираше предлозите за нов Колективен договор со кој ќе се гарантираат работничките права, минималната плата која треба да почне од 20.000 денари, како и сите други нормални услови за работа со платени вонредни часови, викенди, служебени патувања, годишни одмори. ССНМ предвидува и новинарите во редакцијата да имаат удел во изборот на уредникот, додека пак за стажирање и стекнување пракса максималниот рок да изнесува 6 месеци.

tamara-

„Позицијата на Синдикатот во однос на слободата на новинарството, слободата на изразување и слободата на медиумите е многу јасна: Се додека новинарите и медиумските работници, работат уценети со плати, со откази, со деградирања, со казни – тие нема да произведат слободен, професионален, балансиран производ кој што соодветствува на уставната определба на Македонија како држава, во која јавноста има право да знае. Се додека сме уцените, понижени, обезсхрабрени ние нема да можеме без оглед на како закони имаме да известуваме слободно и професионално“ – изјави Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

ssnm

Освен за новинарите ССНМ се залага и за сите медиумски работници, вклучувајќи сниматели, фоторепортери, монтажери, технички персонал чии права исто така мора да бидат заштитени. Колективниот договор е изработуван речиси цела година со учество на членството, добивање на предлози од пет фокус групи и темелно разгледување на соодветна и ефикасна регулатива.

Следен чекор на ССНМ е лобирање кај работодавачите за примена на Колективниот договор и оваа борба новинарите мора сами да ја издејствуваат за достоинствена професија од што ќе произлезат и многу подобри услови за правично и професионално информирање и во функција на јавниот интерес.