Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаССНМ ја осуди хајката против весникот „Слободен печат“

ССНМ ја осуди хајката против весникот „Слободен печат“

Синдикатот ги осудува синхронизираните напади врз весникот иницирани од страна на белградскиот „Информер“.

ССНМ изразува поддршка за „Слободен печат“ и ги осудува синхронизираните напади врз весникот иницирани од страна на белградскиот „Информер“ што потоа, без задршка целосно се пренесуваат во дел од македонски медиуми со иста уредувачка политика.

„Станува збор за хајка која промовира политичка, национална и верска нетрпеливост и омраза и со тоа го изложува медиумот и неговите вработени на притисок и вербално насилство. ССНМ останува посветен на борбата за медиуми со независна уредувачката политика, затоа што само во такви редакции воопшто може да се практицира слободно, одговорно и професионално новинарство кое е неопходно за деконтаминација на медиумскиот простор, окупиран од пропаганда“, се наведува во поддршката од ССНМ.