Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСрпските дипломати следната недела се враќаат во Скопје, амбасадорот подоцна

Српските дипломати следната недела се враќаат во Скопје, амбасадорот подоцна

Белград ќе ја преиспита подготвеноста и капацитетот на персоналот за извршување на нивните работни обврски во актуелните услови во Македонија.

Првиот потпретседател на српската влада и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека државата ќе ги преземе сите мерки за да ги заштити своите интереси во Македонија. Белград ќе ја преиспита подготвеноста и капацитетот на персоналот за извршување на нивните работни обврски во актуелните услови во Македонија.

– Веќе следната седмица, по состанокот кој ќе го имаме овде, а ќе имаме состанок со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, дел од нашиот персонал ќе се врати во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна, кога ќе завршиме со сите консултации кои имаме намера да ги спроведеме овде во Белград – изјави Дачиќ за Танјуг.

Според Дачиќ, персоналот бил повлечен бидејќи преку недвосмислени докази било утврдено засилено офанзивно делување против Република Србија, во кое бил вклучен и странски фактор.

Сепак, денеска ниту Вучиќ, ниту дачиќ не прецизираа за какво офанзивно делување станува збор и кој странски фактор учествувал во тоа.