Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСредбата со Нимиц одложена за декември

Средбата со Нимиц одложена за декември

Средбата на преговарачите од Македонија и од Грција со посредникот Метју Нимиц, наместо на 20 или 21 ноември, како што беше најавено, ќе се одржи во декември во Брисел, велат неофицијално дипломатски извори.

Одлагањето на средбата, според истите извори, било на барање на грчката страна.

Средбата на преговарачите ќе се одржи во Брисел, и овојпат ќе биде заедничка на двајцата преговарачи-Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со Нимиц.

Грчките медиуми веќе излегоа со најави дека по подолга пауза, Нимиц требало да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот.

Атина, според тамошните медиуми, очекува по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата Влада, Македонија да продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на Аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на Никола Груевски.