Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија врати 400 мигранти во Македонија – Унгарија ќе ја чува македонската граница

Србија врати 400 мигранти во Македонија – Унгарија ќе ја чува македонската граница

Министерот за работа, вработување и социјални прашања на Србија, Александар Вулин изјави дека денеска границата на земјата е чувана и дека околу 400 мигранти се вратени во Македонија.

„Синоќа единиците на нашата жандармерија и гранична полиција запреа 21 група со близу 400 луѓе и ги врати на територијата на Македонија. Пред неколку дена беа вратени педесет групи со 1320 луѓе. Веќе се слуша дека нашата граница е добро чувана. Ова е тоа што можеме да го направиме“, изјави Вулин. Според него постигнат е договор меѓи Србија, Унгарија и Австрија за да се патролира на границата меѓу Србија и Македонија затоа што македонската полиција нема капацитет да го реши тоа самата.
migranti
Унгарската полиција соопшти дека нејзини претставници ќе помагаат за патролирање на српско-македонската граница во обид да спречат илегално преминување на имигранти и бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европската унија. Шефот на унгарската полиција Кароли Пап изјави денеска дека 20 полициски претставници и четири мобилни термокамери ќе бидат распоредени идната недела на јужната граница на Србија со Македонија каде секој ден минуваат стотици имигранти, јави БТА.

Имигрантите патуваат кон север преку Србија и сакаат азил веднаш штом ќе пристигнат во Унгарија. Дел од нив продолжуваат и кон Австрија и Германија пред да биде донесено решение по молби за азил. Околу 60.000 имигранти влегле илегално во Унгарија оваа година речиси сите преку Србија.
dacicsijarto
Минатата недела, Унгарија изјави дека планира да изгради 4 метри висока ограда на својата 175 километри долга граница со Србија за да се запре приливот на мигранти. Србија го критикуваше планот на Будимпешта, при што српскиот премиер, Александар Вучиќ, изјави дека е „шокиран и изненаден“ од намерите на Унгарија, додавајќи дека оградата „не може и нема да се случи“. Двете влади ќе одржат заедничка средба во Будимпешта на 1 јули.

„Земјата што помогна да се урне железната завеса во 1989 година сега гради нова“, ја обвини Будимпешта „Хјуман Рајтс вотч“. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја ќе ги брани надворешните граници на ЕУ од илегалната имиграција.