Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија на врвот по младинска невработеност во Европа

Србија на врвот по младинска невработеност во Европа

Околу 200 илјади млади луѓе во Србија се невработени, покажуваат податоците на српската Национална служба за вработување, изјави денеска раководителот на владиниот тим за социјална инклузија и намалување на сиромаштијата, Иван Секуловиќ.

– Тоа се 36 отсто проценти и тој процент ја става Србија на самиот врв на невработеноста меѓу младите, нагласи Секуловиќ и додаде дека Владата ќе создаде јасни планови за тоа како невработеноста да опадне до европското ниво од 15 отсто.

Тој нагласи дека во последно време има тенденции, но тие не се цврсти, со оглед на тоа дека младите планираат да работат во странство.

Секуловиќ истакна дека треба да биде олеснет патот на младите од образованието до вработувањето.

– Ќе се обидеме да создадеме партнерство меѓу образовните институции и приватни фирми, изјави Секуловиќ.

МИА