Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСрбија ги повлече своите дипломати од Македонија

Србија ги повлече своите дипломати од Македонија

Србија го повлече на консултации целиот персонал на својата амбасадата во Македонија и побара од македонското МВР да преземе мерки за зголемена безбедност на нивните објекти.

Засега не се знае која е причината за ваквата одлука на Белград, од каде најавувата дека шефот н српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска ќе ја соопшти на прес-конференција.

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека биле известени од српската Амбасада оти персоналот ќе се повлече на консултации во Белград, но тоа не знае која е причината за тоа.

– МНР на Република Македонија денес доби нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, со која сме известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград. МНР на Република Македонија не е запознаена со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка. Согласно релевантните одредби на Виенската Конвенција за Дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје, истакнуваат од МНР.