Wednesday, May 1, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСпрингстин не застанува, повторно го сруши својот рекорд во должина на концерти

Спрингстин не застанува, повторно го сруши својот рекорд во должина на концерти

Брус Спрингстин и неговиот „E street band“ синоќа повторно го срушија својот рекорд во времетраење на концерти во САД, бидејќи свиреа точно четири часа на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Претходниот рекорд, Спрингстин го забележа минатиот четврток на истиот стадион кога со својот бенд одржа концерт долг три часа и 58 минути.

Спрингстин и се обратил на публиката истакнувајќи дека последните три концерти одржани во Њу Џерси, државата во која славниот рокер е роден, му биле „најпријатни“. Најдолгиот настап „Шефот“ (како што го нарекуваат Спрингстин) го имал во Хелсинки во 2012 година- четири часа и шест минути.