Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија е главен производител на марихуана во Европа

Албанија е главен производител на марихуана во Европа

 

Република Албанија е на прво место во производството на дрога во Европа, се вели во Извештајот на ЕУ за производство и шверц на дроги во Европа. Нашиот сосед минатата година останала на прво место во производството на Канабис Сативас – марихуана.

Селото Лазарат е главната локација на производство на дрога, но изгледа не е само тоа село и има многу други места низ целата земја, се нагласува во Извештајот. Исто така и во последниот извештај на САД е наведено дека Албанија е главен производител на марихуана.