Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСпасени 29 мигранти кај грчкиот остров Лефкада

Спасени 29 мигранти кај грчкиот остров Лефкада

Кај грчкиот остров Лефкада спасени биле 29 мигранти, меѓу кои и две деца, кои се обиделе да дојдат до Италија. За сега не е познато потеклото на мигрантите, кои грчките спасители ги забележале во Јонското море. Мирантите биле пронајдени 27 километри од островот Лефкада, а меѓу нив имало и две деца од четири и пет години.

Ова е прв обид на мигранти од Грција да преминат во Италија, а да бидат спасени, откако грчката копнена граница со Македонија беше затворена во март. Италија е оддалечена од Лефкада 240 километри.