Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСоветот на ЕУ сериозно загрижен за политичката криза во Македонија

Советот на ЕУ сериозно загрижен за политичката криза во Македонија

Советот на Европската Унија во декемвриската анализа за Македонија укажа сериозна загриженост за политичката криза која се уште е далеку од решавања и ја потврди почетната позиција дека дадената препорака за продолжување на предпристапните преговори е условена од донесувањето на итните реформски мерки.politicki lideri mk euВо анализата стои дека постои голема загриженост за недостигот на политичката култура, големата партиска поделеност, недостигот на владеењето на правото, кршење на човековите права, немање на медиумска слобода, зависно судство, корупција и партизација на државните институции.izbori glasanjeКлучно за напредокот на Македонија ќе биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во април 2016-та но, владејачката партија направи еден куп потези со кои ги пролонгираше сите рокови за постигнување на договор во сите претходно утврдени сфери, а уште нема решение за медиумската сфера, особено што новинарските здруженија и синдикатот беа исклучени од првичните преговори.

Советот на ЕУ очекува независна и непречена истрага за скандалот со незаконското прислушкување, потоа за вооружената битка во кумановската „Дива населба“, како и за одржување на добрососедски односи. Нотирано е дека има напредок во разговорите со Бугарија, додека пак за проблемот со името потребно е заедничко прифатливо решение со Грција.