Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСопственикот на „Зара“ го надмина богатството на Бил Гејтс

Сопственикот на „Зара“ го надмина богатството на Бил Гејтс

Магазинот „Форбс“ го прогласи новиот најбогат човек на светот кој успеа да го надмине мегапопуларниот Бил Гејтс. Се работи за Шпанецот Амансио Отрега, чие царство наречено „Зара“ тежи цели 80 милијарди долари, додека акциите на неговата компанија “Inditex” достигнаа неверојатна цена од 33,99 евра по акција.

Ортега не е толку познат во светот како Гејтс кој долги години беше најбогатиот човек на планетата, но тивко со години се креваше на скалилото на најбогати луѓе во светот благодарение на својата компанија која продолжува со добрите деловни резултати и константно проширување. Групацијата „Inditex“ во својот состав, покрај „Zara“, ги има и брендовите „Massimo Duty“, „Bershka“, „Stradivarius“ и „Pull & Bear“.