Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАмансио Ортега од Зара има 78 милијарди долари, а секој ден руча со вработените

Амансио Ортега од Зара има 78 милијарди долари, а секој ден руча со вработените

Светот повторно го сврте вниманието кон шпанскиот текстилен трговец Амансио Ортега кој е основач на фирмата Индитекс која стои зад брендови како Зара, а стигна на првата позиција како најбогат човек на светот со над 70 милијарди долари и го надмина Бил Гејтс од Мајкрософт.

За разлика од голем број на ексцентрични милијардери Ортега е неверојатно почитуван и угледен човек во Шпанија каде води сосема нормален и секојдневен живот без непотребен луксуз и ексцеси. Тој иако има 79 години се уште патува по 15 километри на ден до работното место и се однесува како вчера да почнал да работи во фирмата.

Се поздравува со сите вработени и нема проблем да руча со нив во мензата. Ортега работи на идеи со дизајнерите, а пречекува и клиенти. Неговиот иновативен пристап во продажба со брзо лансирање на нови парчиња на евтина, но квалитетно изработена облека на брендовите на Индитекс им донесе огромен профит и препознатливост.