Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка во Куманово, меѓу повредените има и деца

Сообраќајка во Куманово, меѓу повредените има и деца

Осум лица, меѓу кои и две деца, се повредени во сообраќајка што се случила вчеравечер во Куманово. Едното дете се здобило со фрактура на черепот поради што било пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Сообраќајката се случила вчера, околу 20:40 часот во Куманово на крстосницата од бул. „Октомвриска револуција“ и ул. „Глигор Прличев“. Во неа учествувале автомобил „шкода“ управувано од М.Л.(20) од Куманово, „сеат ибица“ управувана од Н.Р.(18) од Куманово, „волксваген пасат“ кој бил паркиран и две деца-пешаци на возраст од седум и пет години.

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле осум лица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Куманово, додека едното дете на возраст од седум години по укажаната лекарска помош било префрлено во Ургентен центар-Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, фрактура на череп, и е надвор животна опасност. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово“, соопшти денеска МВР.

На возачите и било извршено алкотестирање при што кај возачот М.Л. било утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,02 промили.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.