Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка на Илинденска – седуммина повредени

Сообраќајка на Илинденска – седуммина повредени

Тешка сообраќајката се случила вчера меѓу возило со марка Бмв управувано од 25 годишно лице од Скопје и патничко моторно возило марка мерцедес во кое се превезувале шест лица, пет девојки и едно момче. Возачот на возилото БМВ по сообраќајната незгода го оставил возилото и го напуштил местото на незгодата.

Со возило на брза помош повредените лица од возилото мерцедес биле префрлени во клиничкиот центар Мајка Тереза. Кај две од девојките се утврдени тешки телесни повреди и се задржани на лекување, а кај две девојки се утврдени телесни повреди и се задржани на лекување, а додека возачот на мерцедесот и една од девојките која е малолетна се упатени на домашно лекување.

Од страна на единицата алфи, возачот на БМВ бил пронајден во неговиот дом околу 6:30 утринава и бидејќи бил видно повреден бил пренесен во градската општина болница Св. Наум Охридски, од каде од страна на доктор констатирани му се телесни повреди и предложено му е болничко лекување, но одбил да биде хоспитализиран. Од МВР јавуваат дека деталите околу сообраќајната незгода ќе бидат дополнително утврдени.