HomeГИГА БАЈТСмартфонSony Xperia C5 UItra – Телефон со две најдобри камери

Sony Xperia C5 UItra – Телефон со две најдобри камери

Sony Xperia C5 Ultra е најновиот шампион ако се оценуваат двете камери истовремено, бидејќи нуди идентичен капацитет и на предната и на задната страна. Тоа што сите најмногу ги интересира е селфи камерата со 13 мегапиксели, леќа од 22 мм, широк агол, софтвер за автоматско препознавање на лица, како и блиц за подобри слики во темни услови.

Sony Xperia C5 Ultra има речиси идентична 13 мегапикселна камера на задната страна со вообичаен Exmor квалитет на слики и видеа. Sony Xperia C5 Ultra исто така може да се пофали со 6 инчен Full HD дисплеј, работи со осум-јадрен Mediatek процесор од 1.7 GHz, 2 GB RAM, 16 GB и microSD картичка која може да се прошири до 200 GB.

Селфи шампионот има и квалитетни звучници со xLOUD енџинот. За софтверот ја користи најновата верзија на Android Lollipop, а батеријата има капацитет од 2980 mAh сосема издржлива за два дена работа.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com