Tuesday, Oct 17, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонЛансиран Huawei Honor Note 8, импресивно моќен за ниска цена

Лансиран Huawei Honor Note 8, импресивно моќен за ниска цена

huawei honor note 8

Huawei сега може да се пофали дека има и свој супер моќен Note фаблет со новиот Note 8 кој е изработен со суб-брендот Honor. Тоа значи дека корисниците може да очекуваат пониска цена за еднакво моќни перформанси, поточно Honor Note 8 со основната меморија од 32 GB ќе чини 345 долари, додека пак за најскапиот со 128 GB меморија ќе треба да одвоите 420 долари.

Huawei Honor Note 8 е претставен со огромен 6.6 инчен Full HD дисплеј, работи со новиот осум-јадрен Kirin 955 процесор, 4 GB RAM, 13 мегапикселна камера, 8 мегапикселна за селфи, dual SIM поддршка, 4G LTE конекција, мега батерија со капацитет од 4500 mAh и Android 6.0 Marshmallow оперативен систем.

Извор: telefoni.mk