Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСомнителни лица и во Молдавија, 13 лица под сомнение дека припаѓаат на паравоена група

Сомнителни лица и во Молдавија, 13 лица под сомнение дека припаѓаат на паравоена група

Тринаесетина луѓе се уапсени поради сомнеж дека припаѓаат на паравоена група која планира напад
врз државните институции во Кишињев и во градот Балта, соопштува молдавската полиција. На оваа територија главно живеат Руси па така целта била, по примерот на источна Украина, да се создаде сепаратистика република.

Лидерот на уапсените, по потекло од источниот дел на Украина, веќе имал полициско досие. Автономната област Придњестровје, со мнозинско руско население, во источниот дел од земјата, се обидела во 1990 година да се отцепи од Молдавија стравувајќи дека таа ќе се обедини со Русија.