Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостСобрани над 350.000 евра донации за поплавените подрачја

Собрани над 350.000 евра донации за поплавените подрачја

Над 350.000 евра се собрани на жиро сметката на фондот за солидарност при Црвениот крст за помош на погодените од поплавите. Парични донации и понатаму се собираат преку телефонскиот број 143 – 400 од сите домашни мобилни оператори, а цената на еден повик е 100 денари.

Волонтери од цела Македонија помагаат за санирање на штетите од поплавите кои се случија минатата сабота. Донираа многу компании, но и странски држави помогнаа со техничка помош и луѓе за испумпување на вода.