Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиСо 12 часа срушен рекордот на лента за трчање

Со 12 часа срушен рекордот на лента за трчање

Тркачот Дејвид Стали го сруши рекордот на лента за трчање со поминати 12 часа без прекин во кои успеа да истрча неверојатни 130 километри. Тркачот од Денвер постигна нов Светски Гинисов рекорд и го надмина претходниот кој изнесуваше 128 поминати километри на лента за трчање, поставен од неговиот пријател Денис Микајлов.

За мотивацијата Стали вели дека не е класичен тркач и ретко оди на натпревари, а исто така неговите тренинзи се два или три пати неделно со поминати 50 километри во просек. Затоа сака да трча маратонски без престан откако ќе добие целосна посветеност на умот и телото. На Микајлов му порача да се обиде повторно и да го сруши неговиот рекорд.