Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноБританец 100 часа висеше на жица над кањон

Британец 100 часа висеше на жица над кањон

Британскиот спортист Џедаја Дун постави нов светски рекорд со тоа што 100 часа висеше на жица поставена 200 метра над кањонот Сахинкаја во Турскиот град Самсун.

Британецот постави нов рекорд на фестивалот за екстремни спортови “Фалкон-фест” кој се одржа во рамките на одбележувањето на 19 мај, Денот за млади и спорт во Турција.

Во понеделник, на 15 мај се искачи на жица, каде што помина цели 100 часа. На жица висеше во импровизирана лежалка, и до него имаше храна и вода за да биде во можност повеќе да остане на таа висина.

Дун рече дека по многу мака успеа да го собори претходниот рекорд од 90 часа. Тој додаде дека поради лошите временски услови во последните два дена имаше одредени потешкотии, истакнувајќи дека е среќен за неговиот успех.