Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСмртно застрелан градоначалникот на Боговиње

Смртно застрелан градоначалникот на Боговиње

Градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идриз, е убиен по вербална расправија, помеѓу него и поранешен вработен во Општина Боговиње, која ескалирала во судир со огнено оружје. Идентитетот на сторителот сѐ уште не е официјално потврден.

Неофицијално според првичните информации убиството го извршил А.Ќ. (1964) од с.Боговиње, кој по кобниот истрел во Издризи се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница, по што со возило на итната помош бил пренесен во ургентниот центар во државната клиника во Скопје.