Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСедум лажни кражби разоткриени во Тетово

Седум лажни кражби разоткриени во Тетово

Полицијата од тетово расветли седум доста тешки кражби на златен накит во куќи, кои биле пријавени минатиот месец.
Заедничко на сите овие кражби е што пријавувачите се и извршителите на истите, поточно сите седум кражби се фингирани и лажно пријавени.Полицијата открива дека пријавувачите се тие кои самите си го украле сопствениот накит или на нивните најблиски, а подоцна со „глума“ пријавиле дека се ограбени од непознати крадци.

Тетовската полиција за четири случаи од седум веќе има изготвени и средени поднесоци, а за другите три кои остануваат ќе има во најбрз можен рок. Освен во Тетово, таквите пријавени кражби биле пријавени и во селата Доброште, Орашје, Теново, Ново Село и Боговиње.

Инаку, во веќе откриените четири кражби за кои се поднесени и пријави, вкупната штета е проценета со нас 10 илјади евра, што е доста голема сума.