Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУбиецот на градоначалникот Идризи си пукал во глава

Убиецот на градоначалникот Идризи си пукал во глава

Грозоморното убиство на градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи заврши со самоубиство на човекот кој прво испукал шест куршуми откако избила тешка расправа меѓу нив, а потоа и сам си пресудил со куршум во глава.

„Во врска со настанот што денеска се случи во с.Боговиње каде беше убиен градоначалникот на општина Боговиње, ве информираме дека лицето Ќ.А. (53) од Боговиње кое беше повредено од огнено оружје во пределот на главата и кое беше префрлено во Ургентниот Центар Скопје, им подлегнало на повредите и починало“ – информираа од МВР.

Тој го убил градоначалникот, по што си испукал еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница. Меѓу нив подолго време постоела нетрпеливост.