Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСлон преживеа метак во чело!

Слон преживеа метак во чело!

Слон од националниот парк „Мана пулс“ во Зимбабве, по некое чудо остана жив откако ловокрадце го пукале во главата. Проценето е дека слонот живеел со раната на челото меѓу три и шест недели пред да му биде укажана лекарска помош. Раната ја воочиле членовите на групата „Aware Trust Zimbabwe“ која се занимава со заштита за животни во националниот парк, кога слонот се доближил до нивниот автомобил.

Слон 2

Слонот бил успиен, а потоа му била пружена лекарска помош. Во таа прилика бил искористен и детектор за метал.

Слон 3

Слон 4