HomeДЕНЕШНАСкопјеПингвини и слон нови атракции во Зоолошка

Пингвини и слон нови атракции во Зоолошка

ЗОО Скопје планира да изгради соодветно живеалиште за пингвини кое ќе чини околу половина милион евра со сите неопходни услови како ладна вода и карпи. Доколку условите се обезбедат тогаш може да се набават пингвини за прв пат во историјата на Зоолошката градина во Скопје.

Исто така се размислува повторно да се донесе слон бидејќи ова огромно животно го нема кај нас веќе 25 години. Последната слоница Анка починала во 1992 година и се уште е дел од спомените на скопјани и сите посетители од минатото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com