Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСледуваат затегнати мерки во угостителскиот сектор

Следуваат затегнати мерки во угостителскиот сектор

По големите реакции од јавноста, за непочитувањето на протоколите во угостителските објекти „Мош“ и „Интермецо“, и зголемиот број на новозаразените во последните 3 денови, првиот човек на владата, истакна дека сопствениците во угостителскиот сектор, треба да имаат разбирање за новите мерки, кои најверојатно ќе бидат на сила од наредните денови, како предлог на Комисијата за заразни болести.

 

Премиерот Зоран Заев побара разбирање за новите мерки за заштита од вирусот и повика како што се почитуваат барањата на уметниците и на различни економски сектори, да се почитува и мислењето и предлозите на Комисијата за заразни болести  зошто се во интерес на заштита на здравјето на сите граѓани.

Свесни сме дека е важен и економскиот дел и егзистенцијата на уметниците кои настапуваат во угостителските објекти, но, сепак, здравјето е доминантно и Владата ја донесе одлката заради здравјето на граѓаните. Бројките растат, доаѓа зима, сите треба да бидеме дополнително внимателни, рече Заев во врска со мерката за забрана за настап на пејачи во угостителски објекти, додавајќи притоа дека помош ќе има и никој нема да биде оставен и заборавен.