Saturday, May 11, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмСлавната актерка жали поради хируршките интервенции од минатото

Славната актерка жали поради хируршките интервенции од минатото

Кортни Кокс, популарната актерка, која се прослави со улогата во телевизиската серија „Friends“, неодамна откри дека „се помирила со фактот дека старее“ и дека жали поради хируршките интервенции од минатото, со цел да изгледа помладо. 52-Годишната актерка во епизода од емисијата „Running Wild with Bear Grylls“, објаснува дека не го прифатила лесно стареењето, но дека научила многу лекции.

Kortni-Koks-f2

Кортни Кокс од порано зборуваше за корисноста на ласерските терапии за да продолжи да изгледа помладо. „Понекогаш сфаќаш дека се трудиш премногу. Потоа ќе видиш своја фотографија и ќе помислиш: „О боже, изгледам ужасно“. Правев работи за кои сега се каам, но за среќа тие работи се променија“.

Kortni-i-Ber