Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопје во барок, „Палома бјанка“ чека на ред

Скопје во барок, „Палома бјанка“ чека на ред

Градските власти распишаа оглас за изработка на основен проект за реконструкција на фасадата на ТЦ „Палома бјанка“ во барок, пишува Скопје инфо.

Неодамна градската власт донесе одлука столбови и скулптура вметната во фасадата да има и на зградата на „Технометал“, да се стилизира и објектот на Стопанска комора, а во стилот на „Скопје 2014“ да се преслече и стаклената зграда на Шпаркасе банка кај хотел „Бристол“. Планирано е и на некогашната зграда на „Метропол“ на плоштадот „Македонија“ да се изградат уште неколку ката и да добие и купола.

Нова фасада, според порталот, ќе добие и зградата на „Интекс“ на „Даме Груев“ и објектот во продолжение кон плоштадот „ВМРО“ каде што се сместени Агенцијата за државни патишта, Министерството за труд и социјална политика и други институции. За сите нив веќе се изработени основни проекти.